Актерот отворено за депресијата: „Не сакам да бидам запаметен по убавината“

Повеќе од една третина од мажите на возраст меѓу 18 и 34 години чувствуваат огромен притисок да изгледаат добро на интернет, а еден од дваесет секогаш е цел на негативни коментари.

Актерот Колтон Хејнс на “Инстаграм“ напиша отворено за своето ментално здравје и депресијата, посочувајќи дека долго време оваа социјална мрежа претставува одраз на тоа што е и што не е.

Објави фотографија како лежи на болничкиот кревет за сите да го видат. Нешто што не е очекуваше од холивудска ѕвезда.

„Не сакам мојата појава да изгледа добро или не на “Инстаграм“. Не сакам да ја кријам вистината за да им помагам на другите луѓе или да заработам пари. Имам многу поважни работи да кажам“, напиша тој.

Додаде дека е многу задоволен кога некој ќе му пристапи и ќе му се заблагодари за отвореноста во врска со депресијата.

- Се борев претходната година да го пронајдам мојот внатрешен глас и тоа беше најдобрата борба во мојот живот. Често се грижив да добијам што повеќе лајкови- рече актерот.

Болничките фотографии се потсетник колку заглавил и колку треба да го цени неговиот живот. - Јас ги објавив овие фотографии за да ви ги кажам сите мои вистини. Ако сте во темница, ветувам дека нема да трае вечно- додаде тој.