Актерот Зак Ефрон пронајден во базен, а потоа пренесен во болница: Го пронајдоа вработените во вилата на Ибица - еве каква е неговата состојба

Ја поминал ноќта под лекарски надзор и сега е добро, потврди претставникот за медиуми на Зак Ефрон.

Познатиот американски актер и пејач Зак Ефрон ја поминал ноќта во болница на Ибица по инцидент во базен. Според People, тој имал проблем додека пливал во базенот на вилата во која престојувал, поради што итно бил префрлен во болница.

Претставник за медиумите на познатиот актер и пејач потврди дека Ефрон ја поминал ноќта во болнички кревет, но само како мерка на претпазливост.

- Добро е. Тој беше пуштен од болница веќе следното утро - изјави кусо претставникот за медиуми на Ефрон.

Лудо на Ибица

Сепак, претставникот за печат на познатиот актер одби да појасни што точно се случило во базенот. Се верува дека не се работи за безопасна работа, инаку Ефран немаше да биде задржан во болница преку ноќ под лекарски надзор.

Како што пишува ТЗМ, вработените во луксузната вила во која Зак престојувал со своите пријатели први забележале дека тој плови по водата, веднаш го извлекле на суво и повикале брза помош која го префрлила во болница.

Фото: Инстаграм
Извор: Secna.republika.rs