Aл Пачино (82) чека бебе со девојка која е 53 години помлада од него: „Мислевме дека е починат, а тој чека дете“
Ал Пачино чека дете со девојката Нур Алфала, која е во осмиот месец од бременоста. Познатиот 82-годишен актер добитник на Оскар и 29-годишната Нура го очекуваат своето прво заедничко дете, потврди претставникот на актерот за TMZ во вторникот.
Пачино и Алфала се романтично поврзани од април 2022-та година. Тие беа забележани заедно минатиот месец во луксузниот ресторан „E Baldi“ во Лос Анџелес.
Главниот актер на култниот филм „Scarface“ е татко на три деца со две сопруги: ги дели 22-годишните близнаци Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино со Беверли Д'Анџело, а Џули Пачино (33) со Јан Тарант.
Веста за бременоста доаѓа во истиот месец кога долгогодишниот колега на Пачино, Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете со девојката Тифани Чан.
Таа е видена со неколку мажи во нивните подоцнежни години
53-години помладата партнерка на Пачино претходно беше романтично поврзана со иконата на Ролинг Стоунс Мик Џегер и милијардерот Николас Бергруен. Таа беше видена со Клинт Иствуд (93) во 2019-та година, но рече дека тие биле само семејни пријатели.
Една година претходно беше видена со актерот од „Inglourious Bastards“ Ели Рот (51).
Разликата во годините со Пачино „не е проблем“, изјави извор за „Page Six“ во април 2022-ра година, додавајќи дека кувајтско-американската филмска продуцентка „најчесто излегува со многу богати постари мажи“.
- Таа се движи со богата џет-сет публика и потекнува од семејство со пари.
Нура е родум од Беверли Хилс и беше на Факултетот за филм и телевизија UCLA, а подоцна продолжи кариера како продуцент.
Секако, не недостигаат коментари на оваа вест и многумина не се воздржаа да дадат свое мислење за ова:
- Имал 53 години кога таа се родила, дали треба да се каже нешто повеќе? - стои во еден коментатор на Твитер.
Друг пак пишува:
- Мислев дека ќе прочитам дека легендата не остави, а тој чека дете...
Извор: zena.blic.rs