Алегри дал наредба, да се донесе Французинот од Јунајтед

Јувентус не се откажува од Пол Погба и повторно сака да го донесе Французинот во Торино.

Погба исто така има желба да се врати на местото на успехот, Масимилијано Алегри разговарал со раководството на Јувентус, инсистира на реконструкција на средниот ред.

Проблем за Јувентус е подобрата понуда на ПСЖ, но предност е што Погба има огромна желба повторно да биде играч на „старата дама“.

Засега, според шпекулациите, Јувентус нуди 8 милиони евра по сезона, а тоа двојно помалку од актуелната плата на Погба во Јунајтед.

Алегри како желба на листата ги има и Жоржињо од Челси и Паредес од ПСЖ.