Александар Билјановски- Дадар: Појма немам што зборуваат, јас си одмарам
Шармантен, со необична убавина и стил, стилистот за шмимка Дадар на плажа носи костим за капење кој не е ексцентричен, но секако практичен
За него поп дивата Каролина Гочева кажа дека е најубавиот маж во нашата земја. Многумина се согласија со тоа, но мејк ап артистот Александар Билјановски- Дадар е потполно свесен за неговата убавина. Покрај тоа што шминка совршено и ги нашминкал најголемите Балкански естрадни ѕвезди, секојдневно можеме да го видиме и во улога на манекен, рекламирајќи облека од некој познат бренд. Секогаш е облечен убаво, стилски и знае да ги носи парчињата, ама на плажа е сосема релаксиран, без посебни оптоварувања од типот “што ќе облечам” или “ќе ме види некој”.
- Немам некоја посебна припрема за одмор. Можеби малку солариум за да фатам боја колку да не бидам многу поразличен од оние кои веќе се таму и се исончани и секако да не изгорам, па солариумот некако ми е добра припрема- вели Дадар
Изборот на костим за капење не му е воопшто тежок. Ги сака оние во црна боја, ама не се плаши да внесе колорит.
- Што се однесува до “купаќи”,најчесто носам во црна боја како и се останато што имам од облека. Минатата година бев со црвени и зелени шорцеви и сфатив дека некогаш може да изгледа и некоја боја убаво, колку за промена. Кога зборуваме за моделот, најчесто тоа е нешто во кое се чувствувам удобно, а и не сум тип кој трпи многу поради модата (се смее)- додава Александар.
Ама на плажа не оди без мобилен телефон. Поради работата, мора секогаш да е во тек со случувањата иако знае да го исклучи и да се препушти на морската тишина.
- Нешто без кое не можам е секако телефонот (го користам најчесто за читање на е-книгички и секако туторијали и документарци). Кога сум на одмор, од моето друштво знаат да ми кажат дека не ги слушам и не ги разбирам што ми зборуваат, а токму така најдобро се одморам.Нешто што го посакувам на секого- ни рече Дадар.
Небојша Толески