Александар имал само 2 години кога огнот му го изгорел лицето, а лекарите му ги ампутирале сите прсти: „Бев клинички мртов – но се случи чудо!“

Александар Милошевиќ (30) од селото Ломница, кај Деспотовац, уште како двегодишно дете доживеал тешка несреќа која засекогаш му го променила животот.
Додека со брат му се играле на ливада, пожар кој некој го запалил во близина, брзо се проширил поради силниот ветер.
Александар за момент бил опфатен од огнот. Со рацете се обидел да го заштити лицето, но претрпел сериозни изгореници и бил клинички мртов.
Дедо му го извадил од огнот, а во болницата во Ќуприја лекарите му дале само еден процент шанса да преживее.
Преживеал, но му биле ампутирани сите прсти на рацете. Потоа следувале бројни операции во „Тиршова“ и останатите болници, вкупно до дваесет интервенции – реконструкција на уво, операција на очните капаци и разделување на палецот на левата рака за да може барем делумно да ја користи.
Освен болката и медицинските процедури, детството му било обележано и од борба со предрасудите. Лузната на лицето честопати предизвикувала љубопитни погледи, а и подбив. Во еден момент, уморен од ограничувањата и осудите, Александар одлучил дека повеќе нема да живее според туѓи правила.
Денес живее и работи во Виена, оженет е со Тијана и e татко на осуммесечното момче Илија. Вели дека својот син ќе го учи да биде храбар, да не суди по изглед и да верува дека секој човек, без оглед на животните околности, има право на достоинствен живот.
„Животот не ѝ дава на секого исти карти, но вреди да се игра до крај“, порачува Александар.
Извор: kurir.rs


