Александар за празниците објави оглас на Фејсбук дека бара жена: Има само еден услов

Александар е 32 - годишен маж кој на социјалните мрежи пробал да ја пронајде љубовта на својот живот. Тој на Фејсбук објавил оглас дека „Бара жена поради засновање на брак и православно семејство“.

„Во приватниот живот немам многу време да барам девојка, поради работата. Па така, дојдов на идеја да побарам преку социјалните мрежи, бидејќи сметам дека е можно да се пронајде така сродна душа и дека може да се има успешен однос“ - вели Александар.

Тој за српски телеграф вели дека сака да најде личност која од духовни вредности ќе поседува добра душа и ќе има вера.

Според неговите зборови, за своите 32 - години немал многу жени, но сега сака да заснова семејство. Меѓутоа, потрагата за онаа вистинската не е едноставна, бидејќи тој бара добра жена.

„Да ви кажам не сум имал многу жени, но бидејќи имам 32 - години мислам дека е време за засновам семејство. Посетив многу цркви и манастири, го читав Новиот Завет многу пати, цела книга ја знам напамет. Вредностите за кои читав таму и ме поттикнаа да барам жена на која ќе и дадам се и која на мене ќе ми даде се“ - заврши Александар.