Алиоски дефинитивно ќе игра во Европа,а можно е повторно во Англија

Езгјан Алиоски е пред враќање во Европа, има неколку понуди, конкретно од Турција, а како слободен играч можно е да се врати и во Англија.

Секако дека опцијата за Англија е Лидс, навивачите го бараат, но и оние на Турскиот шампион Трабзонспор.

На  Островот се почесто се пишува дека Лидс Јунајтед повторно е заинтересиран за  Алиоски кој остави  одличен впечаток во дресот на овој клуб.