Алиоски: Дресот на репрезентацијата е мотив сам по себе, сите ќе дадеме се за победа

Македонија ослабена и гостува на Грузија, иако недостасуваат неколку стандардни првотимци од националниот тим, императив е добар резултат во Тбилиси.

Езгијан Алиоски, најавува дека сите во репрезентацијата се подготвени за овој предизвик.

„Мотивација имаме, младите се тука, присуството во репрезентацијата е само по себе мотивација, да се игра во националниот дрес е огромна мотивација и сугурен сум дека ќе биде така и на теренот. Знаеме дека ќе играме пред полн стадион, но ова е друг натпревар од оној кога игравме пред празни трибини кога обезбедивме ЕУРО, ние сакаме да покажеме дека можеме да победиме, поразот од Скопје многу боли, тука сме да покажеме дека можеме да победиме и дојдеме до резултат каков нам ни одговара“, рече Алиоски.

Дуелот Грузија – Македонија се игра утре од 18 часот во Тбилиси.