Алиоски: Победнички почеток е императив за Македонија во квалификациите

На 23. март (четврток), нашата најдобра репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Четири дена подоцна, на 27. март (понеделник), во пријателски натпревар ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови. 

Езгјан Алиоски смета дека во оваа силна група во која покрај Малта се и селекциите на Италија, Англија и Украина ни е потребен победнички почеток.

“Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. 

Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. 

“За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина”.

“Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”.