Спорт // Спорт
Алиоски во дресот на шампионот на Турција
Езџан Алиоски ќе игра за шампионот на Турција, екипата на Трабзонспор е нов предизвик на македонскиот репрезентативец.
Според турските медиуми, Алиоски се договорил со Трабзонспор, и доаѓа од екипата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија каде запиша шест голови и девет асистенции.
Алиоски се очекува следните денови да оди на лекарски прегледи, а потоа следува и потпис за шампионот на Турција.
За Алиоски ова ќе биде петти клуб во Европа, претходно играше за Лидс јунајтед, Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.