Спорт // Спорт
Алкохол на „тони“: Скандалозна прослава на полуголиот Никола Јокиќ и соиграчите кои со песна ја прославија бронзата на ЛОИ
Српските кошаркари го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, тие во мечот за третото место ја совладаа Германија со 93-83 (30-21, 16-17, 26-25, 21-20).
Ова е втор олимписки медал во кошарка за Србија откако самостојно се појавија на Олимпијадата, по среброто во 2016 година во Рио де Жанеиро кога загубија од САД.
Кошаркарите „жестоко“ го прославија освоениот медал, алкохол имаше на „тони“, што може да се види од видеата кои се шират на социјалните мрежи.
Но, во прослава малку претераа и пееја четнички песни. Како славеа полуголиот Никола Јокиќ и соиграчите, можете да погледнете од видеото во продолжение:
Фото:screenshot/Instagram