Алжир се спаси, Македонија не искористи пенал за победа против домаќинот на Медитеранските игри

Македонија испушти можност за победа против Алжир на ракометниот турнир на Медитеранските игри во Оран, средбата заврши 24-24, а домаќинот се спаси од пораз откако нашиот Џонов не успеа да реализира пенал на четири секунди до крајот.

Алжир како домаќин игра во прв состав, а момците на Кирил Лазаров одлично го одиграа мечот, Македонија игра со подмладен тим и штета што не победивме.

Серафимов со пет гола најефикасен во нашиот тим, а по три запишаа Џонов, Митев, Јагуриновски и Ѓоргиев. Утре е ден за одмор, Македонија во четврток ја очекува дуел со Турција.