Американците го прогласија рускиот Солнцепек за еден од најсмртоносните вооружени системи во светот (ВИДЕО)

Тешкиот ракетен фрлач со повеќе цевки ТОС-1А „Солнцепек“ е препознаен како еден од најсмртоносните вооружени системи во светот - за неколку минути може да ја спржи човечката и воената опрема на непријателот на територија од 40.000 квадратни метри , пишува „Национален интерес“.

„Руското термобарично оружје треба да го има само во хорор филмовите“, пишува американскиот портал „Национален интерес“ во написот посветен на руските тешки пламенофрлачи „Буратино“, „Солнцепек“ и „Тосочка“.


Како што се наведува, тајната на успехот на повеќецевниот ракетен фрлач е во термобаричната муниција. Проектилот над целта распрснува експлозивни аеросоли кои продираат во сите отвори и потоа детонираат. Бранот на експлозија што се создава на овој начин е двојно посилен отколку кога се користи обична муниција. Покрај тоа, при детонацијата се создава огнен облак, а температурата во епицентарот на експлозијата достигнува 800 степени Целзиусови.

„Во 2001 година „Буратино“ беше заменет со понапредниот повеќецевен ракетен фрлач TOS-1A („Солнцепек“), кој го зголеми дострелот на ракетата на 6.000 метри“, се вели во написот.

„Солнцепек“ активно се користеше во борбата против меѓународните терористи во Сирија и Ирак.

„National Interest“ наведува дека не е чудно што Саудиска Арабија неодамна купила серија системи TOS-1A „Solncepek“ за три милијарди американски долари.

Системот „Солнцепек“ е направен во 2001 година врз основа на шасијата на тенкот Т-72. Наменет е за огнена поддршка на моторизирани и тенковски единици. „Солнцепек“ е опремен со модернизиран систем за лансирање, како и автоматизиран систем за наведување.