„Американска фабрика“ и „Паразит“ го собраа медот: „Медена земја“ остана без Оскар
Вечерва се одржува 92- то издание на Оскарите. Македонскиот документарен филм „Медена земја“ беше номиниран во две категории - една за најдобар документарен филм, а другата за најдобар меѓународен игран филм. Со самите номинации, Македонија веќе напиша историја.
И покрај силната желба и големите надежи дека екипата на „Медена земја“ на чело со режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска во Македонија ќе се врати со Оскар тоа не се случи. Оскарот за Најдобар документарен филм го доби „Американска фабрика“, а Оскарот за Најдобар меѓународен филм го освои „Паразит“.
Но, ова не значи дека не треба да сме горди на целиот тим и главната протагонистка Атиџе Муратова, која го освои Холивуд. Нека овие номинации бидат мотивација за сите режисери да направат филмско дело со кое ќе го освојат светот.