Американските астронаути изолирани од месечината: Директорот на НАСА открива зошто!
Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстајн изјави дека американските астронаути никогаш повторно не се вратиле на месечината, бидејќи од тој момент немале доволно средства за такви космички програми.
Сето ова е
поврзано со „политичките ризици“, објасни Брајденстајн, поради што дојде и до
недостаток на финансики средства.
„Да не постоеа политичките ризици, досега ќе бевме на месечината, па дури и на Марс“ – нагласи директорот на НАСА.
Брајденстајн појасни дека НАСА од 1990 год. па се до почетокот на 2000 год. се обидела да се врати на месечината и да слета на Црвената планета, но дека и за двете програми била потребна долга припрема и сериозни трошоци.
Од истата причина тој претпоставува дека можеби нема ниту да се реализира слетувањето на Марс закажано за 2024 година.
Ако се потсетиме, од неодамна администрацијата на Доналд Трамп нареди да се забрза реализацијата на лунарната програма, за да може во наредните пет години да се оствари ново слетување на месечината, наместо во 2028 година, како што беше првично планирано, пренесува „Спутник“.
Модернизираниот концепт за овој проект го доби називот „Артемида“, во чест на грчката божица на месечината.