Свет што не го гледаме: хакер открива што се крие зад мрачниот интернет

Додека повеќето луѓе се држат што е можно подалеку од „dark web“, еден хакер со три децении искуство сподели вознемирувачки детали за она со што се сретнувал во својата работа.

„Dark web“ претставува мрачна страна на интернетот – место полно со криминални активности и содржини што можат да остават трајни последици дури и кај најотпорните луѓе. 

Таму пристапуваат лица од љубопитност, криминалци или хакери. Еден од нив откри дека се сретнувал со „деструктивни напаѓачи“ кои сакаат „да го гледаат светот како гори“.

Овој човек, кој сака да остане анонимен, објасни дека некогаш бил „црн шешир“ – хакер без етички код. Денес е „бел шешир“ – хакер кој работи во согласност со законот и открива безбедносни слабости за да ги заштити системите.

„Мојата работа сега е да барам ранливости во системи кои можат да претставуваат значаен ризик“, објасни тој. „Ги ловам и криминалците кои таргетираат болници или компании што се обидувам да ги заштитам.“

Говорејќи за ransomware – малициозен софтвер кој го блокира пристапот до компјутерски системи и бара откуп, тој објасни:

„Оваа техника постои со децении. Современиот ransomware ги шифрира сите ваши податоци и потоа бара да платите, обично во криптовалута, за да добиете клуч за дешифрирање.“

Некои сцени што ги видел се особено тешки: „Сум видел како болници се целосно шифрирани, а луѓето остануваат пред страшен избор — да платат или да ризикуваат животи.“

Хакерот објаснува дека денес сајбер криминалот е игра со многу високи улози. Додека порано сумите биле во стотици или илјадници долари, денес откупите достигнуваат десетици милиони. Еден од последните напади што ги следел понудил 70 милиони долари за клуч кој би ги отклучил сите заразени компјутери.

Извор