Мали легални трикови како да ги намалите сметките за струја во зимскиот период

Секоја зима, едно од најчестите прашања е — како да ни биде топло, а да не плаќаме енормни сметки?
Клима уредите се ефикасен начин за греење, но ако не се користат правилно, трошат многу повеќе од потребното. Еве неколку практични трикови за оптимална температура и пониски трошоци.
1. Одржувајте постојана температура
Наместо да ја вклучувате и исклучувате климата постојано, поставете температура од 21 до 23°C и оставете ја да работи рамномерно. Ненадејните промени бараат повеќе енергија за повторно загревање на просторот.
2. Користете тајмер или еко-режим
Современите клими имаат таимер и еко функции кои ја намалуваат потрошувачката кога не сте дома или додека спиете. Ова може значително да ја намали сметката на крајот од месецот.
3. Затоплете го просторот, не улицата
Затворете ги прозорците, вратите и користете завеси или ролетни за да ја задржите топлината внатре. Клима уредот работи поефикасно кога нема губење на топлина.
4. Редовно чистете ги филтрите
Кога филтрите се валкани, климата троши повеќе струја за да го постигне истиот ефект. Чистење на филтрите на секои неколку недели значи помала потрошувачка и подобар проток на воздух.
5. Насочете го протокот на воздух паметно
Топлиот воздух се крева нагоре, па насочете ги ламелите надолу за побрзо и порамномерно загревање. Така климата работи пократко, а ефектот е подобар.
Со овие едноставни трикови, ќе имате топол дом без непотребни трошоци. Паметното греење не е луксуз — тоа е машка стратегија за ефикасна зима.