Здравје // Совети
Американските лекари: Свртувањето на оболените од коронавирус на стомак спасува животи
Американските лекари откриле дека ако пациентите со коронавирус се свртат кон стомакот, тоа може да им го спаси животот, пренесува Си-Ен-Ен, додавајќи дека со тоа се зголемува количината на кислород во белите дробови на пациентите.
"Така спасуваме животи, 100 проценти. Така е лесно да се направи и видовме огромно подобрување кај пациентите", вели д-р Мангала Наришман, директорка на оделението за тешко оболени.
Според Си-Ен-Ен, пациентите заразени со коронавирус често умираат од синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS), која е предизвикан од оштетување на паренхимот на белите дробови.