АМС: Владимир Егоров и Оливера Наковска-Бикова се спортисти на годината
АМС во соработка со Сојузот на спортски федерации, новинарите и Националните федерации го одржа 68. издание и изборот на најдобар спортист на годината на Македонија и им ги додели статуетките на најуспешните кои ја одбележаа 2022 година.
За најдобар спортист на годината избран е Владимир Егоров кој оваа година донесе европско злато за Македонија од Европското првенство. Најдобра спортистка на Македонија, пак, избрана е европската, светската, олимписката шампионка од нашата земја - Оливера Наковска-Бикова.
ЛИСТА НА НАЈДОБРИТЕ ВО ИЗБОРОТ НА АМС:
Најуспешна спортска екипа (основно): ОУ „Васил Главинов“ - Велес
Најдобра спортска екипа (средно): СОУ „Нико Нестор“ - Струга
Најуспешна спортска екипа (универзитет): Карате тим на УКИМ
Подвиг на годината: Марко Пејчиновски (пливање)/Харис Беќири (еверестинг)
Најдобра млада спортистка: Јадранка Темелкова (кик-бокс)
Најдобар млад спортист: Петар Арсовски (бокс)
Најдобар женски национален тим: Сениорска ракометна репрезентација
Најдобар машки национален тим: Сениорска ракометна репрезентација
Најуспешен селектор: Дејан Митровски - Урко (кик-бокс)
Најуспешна федерација: Ракометна федерација на Македонија
Награди за величествени кариери: Кирил Лазаров и Горан Пандев
Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова (парастрелаштво)
Спортист на годината: Владимир Егоров (борење)