Анастасија го покажа Гудељ две недели по операцијата: Сподели романтични моменти со сопругот
Анастасија Ражнатовиќ, која од Србија се врати во Шпанија, каде присуствуваше на поменот на татко ѝ Жељко Ражнатовиќ Аркан, но и на премиерата на филмот „Недеља“, каде дојде со мајка си, објави видео на кое ужива со сопругот Немања Гудељ
Имено, српскиот репрезентативец го скина менискусот на коленото, пред две недели беше опериран и сега го чека опоравување кое ќе трае до три месеци и доколку сѐ оди според планот ќе биде подготвен за ЕП што започнува во јуни.
Во Инстаграм приказната на ќерката на Цеца го гледаме Немања со насмевка на лицето.
- Вечера со мојот сопруг - напиша Анастасија на англиски јазик.
Инаку, по неговата операција, Анастасија накратко се повлече од социјалните мрежи, а потоа неколку дена позира без трошка шминка, притоа ја врзуваше косата во опавче и уморот на нејзиното лице беше видлив.
Извор: www.kurir.rs