АНАСТАСИЈА И НЕМАЊА ГУДЕЉ КУПИЛЕ ВИЛА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА?! Сѐ во стакло, 4 соби, две бањи, базен и палми, а таа прва дојде кај нив
Анастасија (26) и Немања Гудељ (33) наводно купиле вила од шест милиони евра во Севиља
Анастасија (26) и Немања Гудељ (33) наводно купиле вила вредна шест милиони евра во Севиља. Според тамошните медиуми, парот неодамна се вселил во нова куќа, која зрачи со удобност и луксуз, а извор близок до парот ни ги откри сите детали за купувањето, декорацијата, како и цената на просторот во кој ќе ужива парот.
- Анастасија и Немања од почетокот на бракот сакаа да си купат свој имот кој ќе го уредат по своја желба. Сепак, тие не сакаа да брзаат и да ја купат првата куќа на која наидоа. Тие беа свесни дека тоа е голема инвестиција и дека треба да се земат предвид и малите нешта. Затоа избрале, се распрашувале, се консултирале со агенции, пријатели, познаници и на крајот изборот паднал на луксузна куќа во Севиља, во која има се што им треба - ја започнува приказната изворот кој инсистирал на анонимност и открива како изгледа семејното гнездо на пејачот и фудбалерот.
- Целата вила е во стакло, што особено им се допадна. Пространа е, а дневната води директно до базенот до кој има палми. Тоа е веќе омиленото катче на Анастасија бидејќи најмногу сака да ужива во сонце, коктели и пливање. Вилата има уште четири соби, две огромни бањи, кујна опремена со најсовремени апарати, како и спална соба со раскошен кревет и гардероба, каде наследничката на Цеца ги чувала сите нејзини парчиња облека.
Не штедеа пари.
Пејачката и фудбалерот уживаат во својот рај за кој потрошиле значителна сума на пари.
- Според видеата што ги објави Анастасија на Инстаграм, јасно се гледа дека се работи за скапа вила. Станува збор за дел од Севилја кој важи за еден од најексклузивните, а бидејќи вилата го одзема здивот на прв поглед, тие не штедеа ниту денар.
За вилата искеширале дури шест милиони евра, но тоа не им било проблем со оглед на тоа што Немања, според последните податоци, заработува 78.846 евра неделно! - рече соговорникот и додаде дека наскоро ќе прават куќна забава:
- Едвај чекаат да ги соберат пријателите и да направат голема забава!
Иако во вилата се вселиле неодамна, Гудељ и Анастасија веќе ги посетила нивната најдрага гостинка - Цеца Ражнатовиќ, која, како што рекла, во мај повторно ќе остане со ќерката и зетот.
kurir.rs/informer