Анчелоти со историски подвиг во Лигата на шампионите по победата против Манчестер Сити

Италијанецот Карло Анчелоти е неверојатен тренер, тој со Реал Мадрид запиша епска победа против Сити со 3:1 по продолженијата, и со ова стигна со „кралевите“ до финале во Лигата на шампионите и дуел со Ливерпул кон крајот на мај.

Анчелоти е еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, за него ова ќе биде петто финале во кариерата.

Италијанецот играше со Милан три пати на завршните мечеви, во 2003, 2005 и 2007 година, потоа со Реал Мадрид во 2014 и сега повторно со истиот клуб ќе игра за титулата во ЛШ.

Ова е уникатно достигнување на Анчелоти, бидејќи досега ниту еден тренер не успеал да запише ваков ефект, Марчело Липи, Сер Алекс Фергусон и Мигел Муњоз имаат по четири.