Спорт // Спорт
Андерлехт е следниот клуб на Чурлинов, клубот од Белгија го бара македонскиот репрезентативец
Дарко Чурлинов е пред преселба во Белгија, како што пишува локалниот медиум „Штутгартер Нахрихтен“, Андерлехт покажал интерес за македонскиот репрезентативец.
Според информациите, Чурлинов треба да потпише договор на 5 години, и ќе биде замена за Серхио Гомез и Франсис Амузу кои го напуштија Андерлехт.
Чурлинов е желба и на Барнли, неговиот актуелен клуб бара 5 милиони евра обесштетување.