Андон Дончевски во посета на У15 репрезентацијата во Кичево

Македонската фудбалска легенда, Андон Дончевски вчера во Кичево ја посети најмладата репрезентација на Македонија до 15 години предводена од Раде Каранфиловски.

Првиот тренер на репрезентацијата на Македонија им посака многу среќа и успех на младите репрезентативци, советувајќи ги дека дресот со државниот грб е нешто најсветло и најважно и дека секогаш е чест и голема гордост да се носи националниот дрес и да се бранат боите на репрезентацијата.

Репрезентацијата на Македонија до 15 години од 5 до 9 април беше на тренинг камп во Кичево каде што се подготвуваше за претстојниот меѓународен турнир што ќе се одржи во Италија.

Меѓународниот контролен турнир во Италија ќе започне на 25. мај и ќе трае до 1. мај.