Андреј Папаз за кабарето Gold Felicia во Битола: „Модата не е декор. Таа е улога.“

Во свет каде што ноќниот живот станува спектакл, деталите се тие што го дефинираат искуството. А во кабарето на Gold Felicia, секој детаљ е прецизно осмислен – од првиот тон на музиката, до последниот конец на костимите. Затоа, изборот токму на Андреј Папаз, еден од најпрепознатливите македонски модни дизајнери, не е случајност – туку избор на врвен квалитет.

„Не креирам само костими. Креирам приказни што зборуваат без зборови,“ вели Папаз, кој стои зад визуелниот идентитет на пејачите, танчерите и перформерите во кабарето.

Во Gold Felicia, модата е продолжение на енергијата на сцената. Костимите што ги носат изведувачите се сочинети по мерка, инспирирани од кабаретска естетика, но со современ моден печат. Тие не се само облека – тие се дел од магијата на шоуто, создадени за да се запаметат.

Андреј Папаз, чие име се поврзува со уникатност и сценска префинетост, го одбра токму Gold Felicia како платформа за своите најсмели креации – правејќи го комплексот простор каде што модата и перформансот живеат во симбиоза.

Ова е уште еден доказ дека Gold Felicia не е само забава – туку цела сценска култура, каде сè, до последниот детаљ, е направено со вкус и визија.


*Кога за првпат стапна во светот на сценските костими и како дојде до соработка со Gold Felicia?

Ова ме враќа доста назад, од прилика 15 години. Мислам дека првиот официјален ангажман го имав со Тамара Тодевска за преработката на песната Шила. Бев дел од тимот дизајнери кои правевме костими за потребите за снимањето на спотот. А првиот повик за соработка со Gold Felicia, го добив пред точно пет години. Бев на одмор и ми се јави Димитар Андоновски со прашање што мислам како би било да бидам дел од креативниот тим на кабаре во Битола. Во тој момент не знаевме во што влегуваме но бевме многу сигурни во себе и неизмерно поддржани од сопственикот. Од тој повик по 10 месеци се направија првите чекори на летната сцена во Gold Felicia, па така броиме повеќе од четири години плодна и активна соработка.

*Што те привлече кај концептот на кабарето во Gold Felicia – дали тоа беше уметнички предизвик?

Доволно беше што ми се спомна концептот кабаре и јас без размислување запливав во ангажманот. Растен сум со филмови од типот на Moulin Rouge, Chicago, Burlesque, театарски мјузикли…така да кабарето за мене беше терен на кој од секогаш сакав да стапнам и да го освојувам.


*Како изгледа процесот од идеја до реализација на еден костим – од каде црпиш инспирација?

Во процесот најголемиот предизвик е точно да се одговори на темата која е зададена и најважната точка во реализацијата е скицата да се претвори во реалност. Умешноста на создавањето на костимите е да се материјализира замисленото а попатно да се поминат сите препреки, било од ресурсен карактер, функционалност, практичност…

*Дали има костим кој си го создал за Gold Felicia што го сметаш за „твој визуелен потпис“?

Доколку морам да изберам, би одделил костими од три сезони на Gold Felicia. Тоа би биле костимите од првата сезона каде темата беше инспирирана од стилот и забавите од дваесеттите години на минатиот век, каде секој артист, пејачи и танчери беа облечени во костими кои носеа некаква замислена улога сами по себе, потоа би ги одделил костимите инпирирани од Бурлеска настапите, кои беа доста сценични, кокетни, ексцентрични, исполнети со многу Сваровски кристали, штрасови и над 2000 пердуви, и како трета група би ги одделил последните костими кои се наменети за македонската танцова претстава, со која сакавме во кабарето да сместиме еден значаен наш традиционален печат. Костимите се инпирирани од македонската носија, преработени во модерна балетска варијанта, изработени од свила.

*Кажи ни искрено – дали Македонија е подготвена за овој тип на кабаретска уметност?

Мислам дека македонската публика ни сама не знаеше колку многу е подготвена за ваква уметност, вакво шоу и ваква забава. Доказ за тоа се огромниот број на гости што секој викенд со воодушевување го следат “битолското кабаре”.

*Имаш ли некоја „модна тајна“ што ѝ ја даваш на танчерка или пејачка за да се чувствува непобедливо на сцена?

Тоа вдахнување на магија се случува најмногу на костимските проби каде возбудата и нетрпението за костимот да биде износен на сцена се повеќе расте. Јаготка на шлагот се погледите од публиката кои се потврда за добро сработената работа. Костимите единствено оживуваат на сцена.


*Што мислиш, кој е најголемиот моден грев на сцената – и дали се случил некогаш во Gold Felicia?

Најголемиот моден грев во рамки на кабаре естетика веќе се појавува/ат и таквата појава е здрава и добра да постои, а се разбира, тоа е надвор од сцената на Gold Felicia. Секој обид на создавање налик кабаре концепт, каде компромисот е присутен и облигиран од незнаење, неискуство е очигледен а публиката го има последниот (и)збор.

*Костимите во Gold Felicia не се комерцијални – тие се уникати. Дали некој може да нарача костим инспириран од шоуто?

За влијанието што го прави визуелниот идентитет на кабарето на Gold Felicia, доказ се самите гости кои често знаат да се појават стилизирани или костимирани во гардероба инспирирана токму од концептите кои ги има во нашите настапи.

*Што би им порачал на младите дизајнери кои сонуваат да создаваат сценска магија како тебе?

Создавањето на магија, било сценска, верувам и било каква, не се создава со сонување, напротив, многу неспиење, голема дисциплина, соодветно образование и секогаш присутната возбуда да се поместуваат пред се личните професионални граници.


*Пр објава