Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат. Дополнителните гигабајти може да се разменат за буџет за нов уред, роаминг пакети или за премиум стриминг услуги, во согласност со индивидуалните потреби на секој корисник. Замената се врши директно преку мобилната апликација „Мојот А1“и важи 30 дена од моментот на активација.
„Овој празничен подарок е уште една потврда за нашата максимална посветеност кон корисниците и за стратегијата што доследно ја градиме во континуитет. Во А1, нашата примарна цел е секој корисник да го добие токму она што му е најпотребно во вистинскиот момент, на најсигурен и најквалитетен можен начин. Зад ваквите решенија стои нашата долгорочна инвестиција во стабилна и сигурна мрежа, модернизација на инфраструктурата, како и континуираниот развој на услуги што го поедноставуваат секојдневието и создаваат вистински дигитални придобивки.Во овој празничен период, но и во текот на целата година, нашата мисија останува иста, да создаваме технологии и услуги што инспирираат, поврзуваат и им додаваат вистинска вредност на нашите корисници“ – изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
За корисниците на A1 Combo, А1 Македонија овозможува пристап до водечките стриминг услуги – Netflix, Max, SkyShowtime и Gley. Сите корисници на тековното портфолио, во согласност со тарифниот модел што го користат, имаат уникатна можност бесплатно да изберат до 2 стриминг услуги, со можност да променат една по истекот на 30 дена, без дополнителна претплата, и тоа засекогаш. Понудата е дополнително збогатена и со празнична цена на одредени атрактивни уреди.
„На корисниците им даваме слобода самите да ја креираат својата понуда и да ја приспособат според своите навики и желби — лесно, брзо и дигитално преку “Мојот А1”. Токму за празниците, нашата цел е да овозможиме максимална персонализација, за секој да добие пакет што совршено одговара на неговите потреби“,изјави Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.
Со најновата понуда А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратегиска насока за создавање иновативни, персонализирани и исклучително кориснички ориентирани услуги, што обезбедуваат поголема контрола, флексибилност и вистинска додадена вредност.
Повеќе детали за понудата се достапни на www.А1.mk.
*ПР објава