Забава // Музика и филм
„Ангели ме носат“- песната која Драган Вучиќ ја остави во трајно наследство
Драган си замина од овој свет денес, но остави богато творештво зад себе. Композитор и пејач, шоумен, човек создаден да ги усреќува луѓето.
Покрај тоа што испеа големи музики хитови, тој ја направи музиката за песната “Ангели ме носат“ во изведба на “Силви бенд“, со која се преставија на Макфест. Овој евергрин и денес се слуша, а емоциите надвладуваат.
Со негов потпис е и песната „Свирете ја Зајди, зајди“ во изведба
на Олгица Христовска со која победи на Макфест. И таа песна е за сите
времиња... Ова се само дел од нумерите кои Вучиќ ги создаде, а со нив си ја
обезбеди бесмртноста.