Ангеловски стана тренер на најслабиот тим во Казахстан
Игор Ангеловски, поранешен селектор на македонската фудбалска репрезентација, по неуспешниот обид да ја спаси хрватска Горица, сега е нов тренер на на последниот тим од фудбалсктото првенство на Казахстан.
Ангеловски официјално е назначен за нов тренер на екипата на Каспиј,екипа која е на дното во шампионатот на Казахстан.
„Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер – се вели во штурото и кратко соопштение на ФК Каспиј.
Каспиј има пет порази и само една победа и е последен тим на табелата, популарниот Мрме сега ќе ја спасува оваа екипа, а не успеа во тоа со Горица во Хрватска во кратката авантура.