Спорт // Спорт
Англиски медиуми: Халанд до крајот на неделата потпишува за клуб од Манчестер
Англиските медиуми тврдат дека еден од најбараните играчи на денешницата, Ерлинг Халанд до крајот на неделата ќе потпише договор со Манечстер Сити.
Сити и Халанд уште минатата недела постигнале договор, а „граѓаните“ сега ќе ја активираат откупната клаузула од 75 милиони евра.
Халанд ќе потпише договор на 5 години, со неделна плата од 500.000 фунти.
Норвежанецот има 21 година, на 88 натпревари за Дортмунд запиша неверојатни 85 гола во сите натпреварувања.
Таткото на Ерлинг, Алф Халанд, има играно за Сити три сезони, запиша 38 меча.