Арапски ѕвер на тркала: Дубаи со свој автомобил

Во земја во која европските супер автомобили се омилен залак на богатите, создаден е првиот локален.

Екстравагантниот автомобил со ознака Ајлани Дракума е инспириран, како што се очекуваше, од Ламборџи.

Основачот на компанијата Башар Ајлани објави дека неговото деби „Дракума“ ќе се произведува во ограничена количина од 99 единици.

Дракума е остварување на сонот на Ајлани да создаде нов Пагани, а првиот дизајн е направен пред пет години.

Арапскиот ѕвер како што го нарекуваат, е придвижуван од истиот мотор кој го имаBugatti Veyron Super Sport, 8,0-литарски W16 со два турбополначи што развива 1200 КС.

Шасијата е направена од синтетички влакна, а вратите се отвораат во стилот на „змејски крилја“, но засега автомобилот е прикажан само со затворена врата.

Нема фотографии од ентериерот, сите прозорци на премиерата во Дубаи беа затемнети, што веројатно значи дека производителот веројатно сè уште не го завршил ентериерот на возилото.