Аркан ми се закани, Цеца ме штитеше: Се заледил кога Жељко му се обратил со една реченица

На Ражнатовиќ не му се допаѓало она што го правел водителот

Вања Булиќ имал проблеми со Жељко Ражнатовиќ - Аркан, по што во текстот во Дуга во 1991 година го споменал во негативен контекст.

Потоа, командантот на Српската допроволна гарда му се обратил и му забранил да го споменува, но изјавил и дека ќе му го поштеди животот бидејќи е вистински Србин кој има три деца.

„Имав проблеми со Жељко Ражнатовиќ Аркан по текстот од 1991 година. „Дуга“ е пишувана остро за луѓето кои војуваа, но бевме и причилно злонамерни. Имав впечаток дека ги погоди нашата духовитост. Намерно ги сликавме како Тито и за пример, фотографијата на Аркан со кучето ја потпишавме со: „Другарот Аркан и неговиот верен Тигар“. Или, тој окружен со деца, а ние напишавме: „Другарот Аркан помеѓу пионирите“. Го погоди кога „Дуга“ го пренесе измисленото интервју него од германскиот „Плејбој“, а на насловната го најавивме како „Аркан до гола кожа“ - рече новинарот и водител во интервјуто на Фејсбук страницата „Пут асфалта“.

„Подоцна случајно го сретнав на некој стадион и му прижив рака. Тоа траеше 15 секунди, а беше како 15 години. Најдолгите 15 секунди во мојот живот. Ми рече дека имам среќа што сум фамилијарен човек и пред своите луѓе кажа: „Ќе те замолам никогаш повеќе да не ме спомнуваш“. Тоа „ќе те замолам“ во тоа време значеше нешто сосема друго. Навистина повеќе не го спомнав“ - рече Вања.

Булиќ додава дека во една прилика го спасила Цеца, кога луѓето на Аркан зборувале дека треба да се позанимаваат со него.

„Цеца и јас се сретнавме на некои места додека беше во брак со Аркан. Ми рече дека морала да ме штити, не толку од Аркан, колку од луѓето околу него. Не можеше да дојде кај мене во „Бисери“ бидејќи тој не и дозволувал, а особено се сеќавам дека ми кажа: „Морав да те бранам од твоите Црногорци, кои на Жељко му зборуваа: „Команданте, не му простојувај повеќе“ - низ смеа раскажа водителот во „Грамур специјал“.

Булиќ успеа да ја угости Цеца во „Бисери“ пред да се омажи за Аркан.

„Со Цеца ја направив „Бисери“ во 1993 година. Таа дојде како неугледна, бидејќи живееше друг живот во Швајцарија. Го живееше својот живот на кој имаше апсолутно право. Момчето со кое се забавуваше беше нејзин менаџер и пред снимањето на емисијата дојдоа кај мен едома. Не ја познавав тогаш, а кога влезе ми се затресоа колената. Навистина беше преслатка. А кога влезе нејзиното момче, на мојата жена и се затресоа колената. Маж висок 196 центиметри, во шорцеви, навистина згоден. Тој беше човекот поради кој ја напаѓаа, а многу жени доаѓаа каде што ќе се појавеше за да го запознаат“ - се присетува Булиќ.

Ражнатовиќ не беше толку милостив кон Миломир Мариќ, на кој му се закануваше.

„Слушнав дека се зборуваше дека Мариќ не му е симпатичен, а дека мене ќе ме поштеди бидејќи имам три сина, три Срби. Аркан на Миломир отворено му кажа дека има уште шест месеци живот. По некое време го повика да му каже дека има уште 143 дена. Така Мариќ летото го поминуваше на Свети Стефан и еден келнер го повика да му каже дека има телефонски повик. Тој се јави, а на другата страна беше Аркан, да му каже дека во тој момент го гледа неговиот снајперист. Така и беше. Чудно ми е кога денес ќе ми кажат дека ние од „Дуга“ бевме храбри. Воопшто не бев храбар човек, во животот се немам истепано. Со текот на времето сфаќаш дека храброста е само прашање на моралот. Или со оваа работа ќе се занимаваш чесно или нема. Тоа е целата суштина“ - рече Булиќ.