Арнолд Шварценегер за приведувањето на аеродром во Минхен: Еве што кажа актерот за скапиот часовник кој не го пријавил
Американскиот актер и политичар Арнолд Шварценегер неодамна беше приведен на аеродромот во Минхен затоа што не пријавил скап часовник на царина, а сега за време на аукција во Кицбил, Австрија, се пошегува за непријатната ситуација. Инаку, часовникот е продаден за 270.000 евра, а парите ќе одат во добротворна организација за помош на иницијативи за климата, објави климатската група која тој ја основа.
„Мислам, секогаш ги започнуваме работите со многу драма. Тоа го видовме вчера. Можете ли да верувате дека одеднаш бев со лисици на рацете“, рече тој, додавајќи дека не бил приведен поради часовникот, но поради „жешката ноќ“ со девојката Хедер Милиган, пишува TMZ. „Тоа е неверојатно. Сериозно, жената на царина ми рече: „Ако не се однесувате добро, ќе ви ставам лисици“, рече тој.
Тој додаде дека откако цариниците го пронашле часовникот Audemars Piguet, почнале да бараат други, но не нашле. „Не го најдоа затоа што го сокрив. Не можам да ви кажам каде бидејќи едноставно не можам да се сетам каде го ставив денес", се пошегувал славниот актер.
Да потсетиме, поради скапиот часовник, против актерот и поранешен гувернер на Калифорнија беше покрената кривична постапка за затајување данок. „Шварценегер беше должен да го пријави и оцарини часовникот бидејќи часовникот треба да остане во Европската унија“, изјави Томас Мајстер, портпарол на царинската служба на аеродромот во Минхен.
Наводно, Шварценегер имал намера да го продаде скапиот часовник Audemars Piguet, чија вредност ја проценил на 20.000 евра, на аукција во Кицбил, Австрија, во корист на климатската иницијатива на која тој е спонзор.