Спорт // Спорт
Артим Шаќири: Ова е добар резултат, шансите се 50-50 за пласман понатаму
Шкендија одигра 1-1 со АИК во Стокхолм, тетовчани имаат перфектен резултат пред реваншот за седум дена.
Резултатот од Стокхолм ветува за Шкендија дека може до плејоф во Конференциската лига, убава шанса за долг престој во Европа.
Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири е задоволен од резултатот.„Ова е добар резултат и го заслуживме овој нерешен резултат. Ние игравме на победа, АИК е секако силен тим и мислам дека тие добро одиграа. Шансите остануваат 50-50, на реваншот ќе мора да одиграме најдобро што можеме“, изјави Артим Шаќири.