Ашковски: Бод е малку од дуелот со Бугарија, заслуживме победа

Македонската репрезентација со бод се враќа од Бугарија, по нерешените 1-1 во Разград, каде одигравме офанзивно, статистички и на теренот подобри од домаќинот, но за жал не успеавме да дојдеме до три бода.

Стефан Ашковски е незадоволен од резултатскиот епилог на мечот, заслуживме победа.

„Да бидам искрен не сум многу задоволни со освоениот бод, сметам дека заслуживме повеќе според прикажаното на теренот. Сепак, ова е прв натпревар од Лигата на нациите и се надевам ќе бидеме уште подобри на следните средби. Имавме пад во играта во финишот, но, важно е дека  Македонија има доволно играчи за ротацијата и верувам дека кој и да се најде во тимот против Гибралтар ќе го даде својот максимум за победа“, кажа Ашковски.