АТП го казни Вимблдон и Ѓоковиќ, Србинот го губи првото место

Поради санкциите кои ги воведе Вимблдон кон тенисерите од Русија и Белорусија, АТП реши да не се сметаат вообичаените бодови од овој Гренд слем.

Новак Ѓоковиќ како актуелен шампион од лани ги губи оние 2000 бода, Данил Медведев и Александар Зверев ќе загубат само 180 бода, тоа значи дека Србинот по Вимблдон е можно да го изгуби првото место на АТП листата.