АТВ авантура – за живот ослободен од бремето на секојдневието!
Несекојдневно адреналинско искуство, многу возбуда, предизвик, авантура, различен ден.
На неколку километри од Скопје, a со доживување на одалеченост од неколку милји. Незаборавниот излет ќе Ви пружи прилика да ја запознаеш околината на Скопје на досега невиден, импресивен начин. Подарете си едно поинакво и незаборавно off road искуство во природа, со АTВ мотори.
Седнуваш моќно на четири тркала и стазите на Водно те привлекуваат да ги освоиш, те обземаат физички и емотивно, адреналинот расте. Слободата која ја дава погонот на сите четири тркала e неспоредлива со ниедно друго возило, на ниеден обичен пат.
Возењето со АТВ е возбудлив начин да одговорите на повикот од природата. Овие возила не само што се забавни за возење, туку исто така можат да ве одведат во фантастични авантури низ различни дестинации во Македонија.
Ај, ред по ред…
Со екипата, врвни професионалци се наоѓаш во 9.30 часот пред „Грин Гарден“ во Сопиште.
Магла, тмурно, депресивно, нерзозни луѓе, болести, лоши информации…И наеднаш те внесуваат во друга приказна. Следат упаства за возењето и тоа што те очекува на патот за твоја безбедност и сигурност. Ставаш подкапа, кацига, се качуваш, и старт.
Се возиш по асфалт, преку ливада, измеѓу шума и off –road патеки со придружба на искусни возачи од АТВ-линк од инстаграм и ти се отвараат сите видици, се ослободуваш, лебдиш…
Нема магла, нема загаден воздух, нема лоши мисли, само сонце, широк видик, слобода, уживање.
Една слика, илјада зборови.
Маглата чиниш е море доле.
Има неколку патеки, кои претходно се договараат, зависно од временските прилики. Стрмна патека кон Матка со уште повеќе адреналин или кон Караџица на подолго време.
Ние отидовме кон Милениумскиот крст. Ново откритие ми беше патеката од Горно Соње кон Милениумскиот крст. Таму на врвот не пречекаа добрите домаќини со кафе и вода, а постои и можност за ручек во ресторанот.
После кафето и споделувањето на впечатоците и воодушењето се враќаме надолу, уште побрзо, уште повозбудливо, гледано од друг агол и со нови воздишки.
Сѐ во насока на здрав живот и ослободување на умот и телото
Сопствениците на АТВ, велат дека идеата за ваква возбудлива прошетка е да им се пружи на луѓето што поинтересни начини за поминување на времето во природа. За еден нов стил на живот, ослободен од бремето на секојдневието.
Водени од ова планираме да се развиваме, на пролет ќе почнеме со тури за јавање коњи, инвестираме во мотори и велосипеди, сѐ во насока на здрав живот и ослободување на умот и телото.
Постојат можности за самостојно возење, едно лице на едно возило или две лица на едно возило, а може и со придружба со професионалците од АТВ, сѐ по ваша желба и можнности.
Претходно искуство за возење не е потребно. Најважна е желбата да се почуствува адреналинот, да се смени секојдневната слика, да се доживеат убавините на нашите предели кои навистина се импресивни.
Се гледаме на некој друга тура во Маврово или на лето во Охрид. Дојдете со нас!