Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Ливерпул

Садио Мане ќе го смени дресот на Ливерпул со оној на шампионот од Германија, Баерн Минхен е во преговори со ѕвездата на клубот од Англија. 

Баерн Минхен го следел Мане подолго време, а  спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ е иницијаторот на трансферот кој треба да се случи во најскоро време.

Мане  има договор до 2023 година со Ливерпул, не сака да го продолжи, и станува извесно дека оди во Баерн Минхен.