Бајиќ го објави поширокиот список, следуваат дуели со Шпанија и Украина

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во третиот, последен квалификациски прозорец за Светското Првенство закажано за идната календарска година.

На 1. јули, нашите репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а неколку дена подоцна (4.07.2022) ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје (СЦ Борис Трајковски, 18:00 часот).

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25. јуни, во СЦ Борис Трајковски со почеток во 10:00 часот.

ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

  1. Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Бобан Стајиќ – Пелистер
  3. Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
  4. Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
  5. Рубин Стефанов – Канту, Италија
  6. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
  7. Андреј Митревски – Феникс 2010
  8. Виктор Ефремовски - Гостивар
  9. Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром
  10. Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
  11. Адем Мекиќ - МЗТ Скопје Аеродром
  12. Димитар Иванов - МЗТ Скопје Аеродром
  13. Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
  14. Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
  15. Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
  16. Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
  17. Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром
  18. Стојан Ѓуроски – Пелистер
  19. Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
  20. Ваљмир Какруки - Работнички
  21. Амар Хот – Феникс 2010
  22. Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
  23. Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
  24. Љубомир Младеновски - Пелистер