Бајрами: Моите играчи се херои, заслужено го освоивме Куп трофејот

Македонија ЃП го совлада Силекс со 4-3 на пенали, во регуларните 90 минути и по продолженијата немаше голови, тимот од скопската населба Ѓорче Петров стигна до Куп трофеј.

Тренерот Мухарем Бајрами е среќен за овој резултат, трофејот е вратен во клубот по 16 години.

„Им честитам на моите играчи, тие се големи херои, освоивме трофеј, во натпревар кој не беше баш најдобар за нас, но важноста на средбата го направи своето. Мислам дека заслужено го освоивме пехарот, Силекс се покажа доста добар противник. Би сакал да ги поздравам и навивачите за поддршката, вратен е трофејот после 16 години“ – изјави Бајрами.