Балканскиот Ерусалим: Овие места не смеете да ги одминете во Охрид
Летото ни пристигна, а со него и потоплите денови, совршено време за посета на некои
од нашите туристички места, за истражување и забава. А најголемиот и
најпознатиот наш туристички бисер - Охрид изобилува со места кои не смеете да
ги пропуштите, доколку го посетите.
Езерото е длабоко речиси 290 метри, а во неговите длабочини живеат над 200 ендемични видови растенија и животни како: алги, зоопланктон, риби, полжави и црви, но и надалеку познатата охридка пастрмка и охридскиот сунѓер.
Се претпоставува дека езерото настанало пред четири милиони години.
Езерото кое е едно од најстарите во Европа, од 1980 година е под заштита на УНЕСКО, во листата на светско наследство, но за жал денес претендира да биде на листата на загрозено светско културно наследство.
Со доаѓањето на Римјаните, Охрид станал важен регионален центар, а во V век станал центар на христијанството и таму била основана Охридската архиепископија.
Во IX век оттука работеле Кирил и Методиј, а нивната мисија ја продолжиле нивните ученици Климент и Наум, браќа родени во Охрид, чиј култ преживеал до денес.
На преминот од 9 и 10 век, Охрид бил главен град на Самуиловата империја, од кога настанала тврдината на највисоката точка на градот.
Пред доаѓањето на Турците, Охрид имал вкупно 365 цркви - за секој ден од годината. Денес таа бројка е многу помала, но тие – со својата карактеристична архитектура и духовно наследство – ја претставуваат „душата“ на Охрид.
Самуиловата тврдина/Самоилова тврдина
Над градот се наоѓа Самуиловата тврдина, изградена во 9 и 10 век. Тврдината била значително оштетена во средниот век, а била обновена во 2003 година, а денес е една од најважните туристички атракции на градот.
Фото: Youtube - Dime Boshkov
Антички театар
Античкиот театар е сместен во подножјето на источната косина на повисокиот охридски рид, под Самоиловата тврдина, во непосредна близина на еден од главните влезови во Стариот град, Горна Порта.
Изградбата на театарот е поврзана со крајот на 3 и почетокот на 2 век п.н.е.
Фото: Youtube - Драмско студио Цвет75
Во римско време тука се воделе и гладијаторски борби. Исто така, се верува дека ова било местото на егзекуција на многу христијани за време на римските прогони.
Плаошник
Плаошник или „Плаош“ е месност на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250 м јужно од централниот дел од Самуиловата тврдина.
Фото: Youtube - Igor Srbinovski
Плаошник е познат како светилиште уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски кон крајот на 9 век.
Црквата Света Софија
Света Софија е катедрален црковен храм кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид.Оваа црква претставува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески од 11 и 12 век.
Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток.
Фото: Youtube - Ohrid Relax
Покрај нејзиното значење како знаменитост, внатрешноста на црквата и нејзиниот двор и колонада претставуваат важно место за одржување на културни збиднувања како концерти и драмски претстави.
Црквата Свети Јован Канео
Многумина веруваат дека црквата Свети Јован, попозната како Свети Јован Канео, се наоѓа на најубавата позиција во градот - на висока карпа од која може да се види волшебниот поглед на езерото. Името го добило по селото кај кое е изградено, кое денес е само дел од Охрид.
Фото: Youtube - ZBYGLUS - Beautiful Places In The World
Црквата најверојатно била изградена во 14 век, под силно влијание на ерменската архитектура.
Куќата на Робевци
Стара куќа во Охрид која се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.
Фото: Youtube - Urban Makedon
Куќата на Робевци - резиденцијата на локалните благородници, завршена во 1863 година.
Манастир Свети Наум
Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.
Фото: Youtube - Discover Macedonia
Манастирот се наоѓа на 30 километри од Охрид, а над него се издига планината Галичица. Изградена е во 10 век, кај изворот Црни Дрим.
Р. М.М.
Фотo и Видео: Youtube
Фото насловна: Youtube - 4K Urban Life
Извор: Википедија