Тренд // Патувања
Балканскиот Париз: Градот кој се препороди
Како Париз на истокот или на Балканот, вака беше познат Букурешт, главниот град на Романија.
Но, овој град и ден денес се редефинира.
Меѓу блоковите со згради кои датираат уште од социјализмот, има многу стари цркви и градби. Градот е полн со паркови и музеи.
Букурешт е град каде трговците се состанувале уште во 15 век.
Стариот дел на градот се обновува, добива ново руво, а пешачката зона е место каде има најдобар ноќен живот во Европа.
Се нарекува и Балкански Париз затоа што кралот Карло донел француски архитекти и им дал целосна слобода за да го изградат градот.
Добар дел од таа француска архитектура е нарушен со социјалистичка архитектура.