Бар во Хрватска наплаќа место за пешкир: „Ако сакаме и воздухот ќе го наплаќаме“
Бич бар во Водице, Хрватска го наплаќаат дури и местото за пешкир. Порталот morski.hr стапи во контакт со таканаречениот бар на плажата, односно фирмата поврзана со него и им рекле дека не им требаат никакви дозволи бидејќи е приватна сопственост.
Велат дека не се работи за плажа, туку за приватен имот на 10-тина метри над самата плажа, односно поморски имот и дека и сопственикот и концесионерот ако сакаат можат и воздухот да го наплаќаат таму.
Значи, кој сака да си стави пешкир на приватен имот ќе треба да извади 4 евра од џеб. А, ако сака малку повеќе удобност, како лежалка, тогаш цените се уште поголеми, од 10 до 43 евра.
Но, за да наплатат било што, мора да имаат регистрирана дејност за тоа, а да издаваат и фактури. Во тој случај услугата може да ја наплатат и милион евра, но без сметка – не се брои, пишува порталот.