Спорт // Спорт
Баражи за ПМФЛ: Струмица ќе „гори“, Тиквеш и Воска играат за прволигашки билет
Денес на стадионот во Струмица „Благој Истатов“ се игра дуелот меѓу Тиквеш и Воска Спорт, победникот добива се, поразениот ќе игра во Втора лига.
Тиквеш игра з зачувување на прволигашкиот статус, додека Воска Спорт за историја, пласман во ПМФЛ.
Александар Ставрев ќе го суди ова дерби во Струмица на кое се очекуваат навивачи во организирани групи да пристигнат на „Благој Истатов“.
Тиквеш најави дека организирано ќе дојдат неговите навивачи со најмалку 10 автобуси, додека сериозна бројка на навивачи и поддржувачи најави и Воска.
Средбата во Струмица започнува од 17 часот.