Спорт // Спорт
Барди останува во Шпанија, има прифатлива понуда
Енис Барди е пред заминување од Леванте, има повеќе опции, а главната е дека ќе остане во Шпанија, најконкретна е во обидот Алмерија.
Овој клуб е подготвен да плати шест милиони евра за неговите услуги, прашање е дали Леванте ќе го прифати понуденото.
Алмерија и Леванте беа во интензивни преговори, кои сега се „стопирани“ и во најмала рака не се интензивни.
Барди е подготвен да ја смени клупската средина, а според досегашниот развој на настаните е можно да се пресели во Алмерија.
Леванте и Барди се заедно од 2017 година, запиша 148 меча и постигна 23 голови.