Барди: Победа императив против Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва  против Малта во Скопје го започнува новиот циклус на квалификации за Европското првенство што ќе се одржи в 2024 година.

Македонија е голем фаворит, но тоа треба да го оправда на теренот.  Енис Барди вели дека победнички почеток е императив.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, вели Барди.