Спорт // Спорт
Барди: Поразот од Грузија боли, ќе ја вратиме победничката атмосфера во тимот
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, во пресрет на мечот утре со Гибралтар, вели дека поразот од Грузија „боли“, но погледите се насочени напред, треба да се издигнеме и да ја вратиме победничката атмосфера.
Барди најавува дека тимот утре против аутсајдерот ќе го даде максимумот, и секако ќе играме на победа.
„После секој загубен натпревар, нормално е да боли поразот, но, тоа сега е минато и треба да гледаме напред. Потребно е да ги поправиме нашите грешки, сите во соблекувалната го даваат максимумот, не гледам дека е поинаку. Атмосферата ќе се врати со добри резултати, секако размислуваме само на победа против Гибралтар“, рече Барди.