Барди со Трабзонспор не се пласираа во Лигата на шампионите, утешна награда е Европа лигата

Трабзонспор и Копенхаген одиграа нерешено 0-0, реванш меч од плејофот во Лигата на шампионите, со овој резултат, тимот на Енис Барди не успеа да обезбеди групна фаза во елитното натпреварување на УЕФА.

Решавачки беа оние 1-0 од првата средба, Копенхаген победи со еден гол во двомечот со шампионот на Турција и обезбеди Лига на шампиони.

Барди ги одигра сите 90 минути од средбата по која шампионот на Турција оди во групната фаза на Европа лигата.