Барди: Трпеливо до победа, головите ќе дојдат, да покажеме дека сме подобри од Бугарија
Македонија ја очекува борба за второ место во групата од Лигата на нации, потребна е победа против Бугарија, а по поразот од Грузија.
Тимот е подготвен за овој натпревар, потребна е коректна поддршка од трибините, за победа на Македонија, вели капитенот Енис Барди.
„По добрата игра против Грузија и незаслужениот пораз, одиме напред, одиме по нашата цел, имаме шанса против Бугарија да се поправиме, и да покажеме дека со три бода ќе докажеме дека резултатот од Тбилиси не беше реален. Треба да сме стрпливи кога се головите во прашање, се ќе дојде на место, да гледаме позитивно на натпреварот, младите да се истакнат, ние ќе ги поддржиме, мислам дека имаме добра генерација, и следуваат добри работи“ – рече Барди.
Дуелот, Македонија – Бугарија се игра од 20-45 часот утре, националната арена „Тодор Проески“ се очекува да биде исполнета со околу 20.000 гледачи.