Барселона на пенали победи во Лигата на шампионите, историски резултат, Киелце не успеа да ги запре Шпанците

Барселона го победи Киелце на пенали и со вкупни 37-35 ја одбрани титулата во ЕХФ лигата на шампионите, стана  првиот клуб што успеал да триумфира две сезони во низа во елитното ракометно натпреварување на завршните Ф4 турнири.

Киелце и Барселона одиграа супер финале, драматично и нерешено по 60 минути игра, резултатот 28-28.

Полскиот тим имаше предност на почетокот од завршните десет минути, 24-23, но Барселона го сверте резултатот, стигна до 27-26, во завршните минути драма и нерешени 28-28.

Продолжениејата не донесоа победник, средбата заврши со 32-32, иако Киелце го имаше последниот напад за победа.

На пенали, победи Барселона, која стана првиот тим со две врзани титули во историјата на Лигата на шампионите, за тимот од Шпанија ова беше 11-та европска клупска ракометна круна.

Најефикасен кај Барселона беше Алеиш Гомез со девет голови, кај Кјелце  шест играчи имаа ист ефект, запишаа по  по четири гола, браќата Душебаев, Вујовиќ, Морито, Кулеш и Каралек.

ФОТО: ЕХФ